Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: групна тепачка во 3 часот наутро, приведување заради марихуана, каснување од куче скитник

На 04.02.2023 во 03.08 часот во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект во Битола настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, при што со тешки телесни повреди се здобило 31 лице од село Барашени, констатирани во Клинички центар Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.02.2023 во 20.10 часот на ул. „Тошо Даскалот“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 27 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 03.02.2023 во 13.00 часот во СВР Битола, К.А. (56) од Битола пријавил дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »