Во просториите на Млади Хаб, Битола, се одржа интерактивна работилница за промоција на “Компас“ – Прирачник за образование за човекови права со млади луѓе, во издание на Советот на Европа.
Работилницата беше реализирана од страна на Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола на покана од Илија Василевски, претседател на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво.
Оваа работилница ја водеа д-р Сашо Кочанковски и прим. д-р Лилјана Кочанковска, со поддршка од Билјана Бејковска и Даниела Јовановска, како дел од тимот кој го преведе и адаптира овој прирачник на македонски јазик.
Присутни беа триесетина учесници, претставници од основните и средните училишта, МВР Битола – оддел за превенција, Центар за социјални работи – Битола, невладини организации и претседателот на Младинскиот актив од СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“.
Присутните имаа можност да се запознаат со содржините, темите и практичните активности кои ги содржи „Компас“, а кои се подеднакво применливи и за формалното и за неформалното образование. Од оваа работилница произлегоа идеи и можност за соработка и реализирање на идни заеднички активности.
Врвен успех за оваа невладина организација е поставувањето на „Компас“ на македонски јазик на веб-страницата на Советот на Европа.
Сите заинтересирани можат да го најдат на следниов линк: https://www.coe.int/mk/web/compass/home.

Работилница за промоција на “Компас“ – Прирачник за образование за човекови права со млади луѓе (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола





