Press "Enter" to skip to content

Блок 1 вратен на мрежа, активни сите три блока на РЕК “Битола“

Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и истите беа навремено отстранети.

Со тоа, АД ЕСМ повторно работи со полн капацитет и во моментот на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана КОГЕЛ во Енергетика, ветерниот парк Богданци, како и хидроелектраните, пред сè за давање системски и балансни услуги.

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 21.178MWh електрична енергија.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела од функција ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена.

More from ВестиMore posts in Вести »