Струмица Жени – Пелистер Волеј 1:3
(22:25; 17:25; 25:22; 27:29)
Екипата на Пелистер Волеј од Битола победи во Струмица с о резултат 1:3 во сетови, и се пласира во четвртфиналето, меѓу најдобрите осум екипи во купот на Македонија со 3:1 во сетови.
-Самиот факт што ова е екипа која игра во првата државна лига на Македонија, минатогодишен полуфиналист, тоа за нас претставува голем успех и победа која ја подига самодовербата за понатамошниот тек на сезоната, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, кој за натпреварот додава:
-Иако првите два сета ги добивме, во третиот како да веруваме дека веќе се е завршено и струмичани направија солидна предност која на моменти се чинеше недостижна. Сепак во самиот финиш на сетот се вклучивме и направивме неколку измени со кои се обидовме да направиме притисок и да се бориме за секоја топка, па иако го загубивме со пристојни 22:25 тоа беше солидно враќање и подигање на самодовербата пред почетокот на четвртиот сет. Но не беше се по планот, многу нешта не функционираа и сетот замина во несакан правец, во кој губевме и со 15:20. Кога сите помислија дека се е спремно за петти сет, повикавме прв тајмаут, кој трпеливо го чуваа до самиот крај, како да беа последните кои веруваа дека се уште има шанса да се добие навидум изгубениот сет. Се доближиме и на 18:20, па потоа на 22:22 и втор тајм-аут, а направивме и измена кога во игра ја уфрливме Василиче Наумоска, која беше најважната алка за пресврт во четвртиот сет и за вистинска драма во полната сала, кога успеавме да направиме серија од 9:4 и израмнување за 24:24, а домаќините имаа и сет топка 23:24. Но во финишот нашите девојки беа посконцентрирани и го добија трилер-сетот со 29:27 за голема победа од 3:1 над една од најдобрите екипи во изминатите неколку сезони.
Митковски и стручниот штаб им честитаа на сите одбојкарки, но ги истакнуваат Христина Трајчевска која освои вредни поени, како и Василиче Наумоска која одигра маестрално во одбраната тогаш кога беше најпотребно за големиот пресврт.
Поените ги освоија: Софија Проковиќ 15, Стефани Најдановска 14, Меланија Каралиоска 11, Ивана Белокозовска 8, Христина Трајчевска 5, Лиле Лозановска 2, Василиче Наумоска 1, Билјана Јаковлевска 1, Стојановска Андреа 1.