Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер лесно до победа над Струмица

Струмица – Пелистер 77:101

Екипата на Пелистер од Битола, како фаворит отпатува за Струмица, а на терен го оправда тоа победувајќи го домаѓинот со 77:101 во 15. коло, и со оваа победа ја продолжи победичката серија во вториот дел од шампионатот на Македонија.

Во тимот на Пелистер се вратија повредените Стајиќ и Хаџифејзовиќ, а токму тое со серија на поени направија разлика, која на крајот на првата четвртина беше +4 (15.19). Пелистер на крајот од втората четвртина замина со предност од 32:43, односно 11 кошеви позитива, која се покажа во продолжението недостижна.

На почетокот од третиот период Пелистер дојде до највисоки +14, а на крајот на третата четвртина беше 55:73. Последната четвртина беше само формалност, а “пелистерци“ заминаа “стотка“, и лесно славеа со 77:101.

Најефикасeн Пелистер беше Карпентер со 22, Хаџифејзовиќ со 19 и Мустафица со 18 поени. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »