Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсен Германец за поседување марихуана, предупредување од МВР, обвинение за напад на полицајци, казни за брзо возење

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола вчера го лишиле од слобода 32 годишно лице од Сојузна Република Германија. Германецот имал времен престој во Битола, а кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во однос на пристигнати пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер. Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против шест лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 10 февруари, нападнале тројца униформирани полициски службеници кои преземале службени дејствија на спроведување на лице до Основниот суд во Битола. Ги удирале со клоци и тупаници по телото, нанесувајќи им телесни повреди. Јавниот обвинител, до судијата на претходна постапка, достави предлог за определување мерка притвор на осомничените.​

На 12.02.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »