Press "Enter" to skip to content

Ларс Валтер, тренер на Еурофарм Пелистер: очекуваме сличен натпревар како во Португалија

Еурофарм Пелистер од Битола, пред вечерашниот натпревар во “Боро Чурлевски“ се наоѓа на чекор до пласман во елиминационата фаза од Евро лигата, а натпреварот против Агуаш Санташ од Португалија е првата меч-топка.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер пред денешниот натпревар, на средбата со новинарите рече:

-Како што реков претходно, напорно работиме да го пронајдеме вистинскиот ритам. Мислам дека ја подобривме одбраната и подобри сме и во нападот. Верувам дека утревечер по натпреварот ќе можам да кажам дека сме на вистински пат. Суси напорно работи, но веројатно нема да игра утревечер. Велковски со крупни чекори напредува, од ден на ден е подобар и блиску е до комплетно враќање. Подготвен е да ни помогне и среќен сум за неговиот напредок. Каспер Кисум е добар играч, но му треба малку време да се навикне на нашиот систем. Треба да му олесниме да се прилагоди. Се работи за одличен играч и многу ќе ни помогне во текот на сезоната.

Данскиот стручњак за противникот кој ќе го имаат во Битола рече:

-Агуаш Санташ е истата екипа, може да очекуваме сличен натпревар како во Португалија. Се работи за брза екипа, која се познава меѓусебе и нема да биде лесно против нив. Сепак, убеден сум дека сме подготвени“, заврши предводникот на битолчани. 

Натпреварот се во 20:45 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »