Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера Германец денес Американец уапсен за дрога, каснување од куче скитник и превентивни активности

На 13.02.2023 во населба Карпош во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 20 годишник од САД, со привремен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 13.02.2022 во СВР Битола, М.Л. (45) од село Могила, битолско, пријавила дека во Градскиот парк во близина на спортската сала во Битола била касната од куче скитник.

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (14.02.2023) во Битола реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот. На повеќе локации во централното градско подрачје на Битола полициските службеници разговарајќи и укажувајќи за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, на граѓаните им делеа и летоци со едукативна содржина и со пораки до возачите на моторни возила да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ги паркираат возилата совесно и одговорно. А особено беше нагласено почитувањето на правилото за дозволена брзина на движење, како и законски казнивото возење под дејство на алкохол. 

More from ВестиMore posts in Вести »