Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола ја информира јавноста дека ракометарот Филип Арсеновски во иднина ќе го носи дресот на швајцарскиот клуб Амичитија Цирих.
Клубот и ракометарот дојдоа до коректен спогодбен раскин, иако Арсеновски имаше договор и за остатокот на сезоната.
Арсеновски дојде во Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2019/20 и одигра две и пол сезони на високо ниво, со професионален пристап и максимално залагање.