Ректорот на Унивезитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Игор Неделковски, со посебен интерес ја следи и поддржува издавачката дејност на единиците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Последниот позитивен пример е промоцијата на универзитетскиот учебник „Раководење во полицијата“ во авторство на деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, на којашто присуствуваше и Ректорот на УКЛО.
Рецензентите, професори од оваа единица на УКЛО, д-р Цане Мојаноски и д-р Трпе Стојановски, посочија дека освен за потребите на студентите, учебникот „Раководење во полицијата“ е нужна стручна литература која на полициските раководители ќе им овозможи да се стекнат со теоретски и практични знаења, неопходни во градење на полицијата како столб на демократскиот систем и еден од гарантите на европските вредности. Токму во таа насока, на промоција говореа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Издавачката дејност на УКЛО побогата за уште еден учебник
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





