Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер победи во Битола, Алкалоид во добро издание, судиите најслаби на теренот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Алкалоид 27:25 (13:12)

Вечерва во Битола рРакометарите на Еурофарм Пелистер  го совладаа тимот на Алкалоид со 27:25, во рамките на 2. коло во плеј-офот на Суперлигата на Македониија, во натпревар во кој младите на Алкалоид добро се покажаа, а остануваат забележките за судиската двојка која го судеше натпреварот, а на нивните одлуки реагираа најповече битолчани, реагираа и гостите, а најмногу публиката.Натпреварот започна со резултатска предност на Алкалоид со одржувување на позитива од два гола. “Пелистерци“ започнаа да играат како треба во втората половина, а со серија од 4:0 го свртеа резутлатот од 8:10 до 12:10. На одморот домашниот тим замина со гол позитива 13:12 со гол кој гостите го постигнаа во последната секунда од пенал.Во второто полувреме Еурофарм Пелистер играше добро во одбраната, постигнуваше голови, ја одржуваше предноста и дојде со најмногу три гола позитива. Во завршницата на мечот, водени од добрата одбрана и одличната атмосфера во салата, Еурифарм Пелистер имаше и 24:20, со напад за +5.  Гостите искористија “празен гол“ и намалија на -2, а во завршницата, а во завршната минута “пелистерци“ имаа само гол предност. Василев и Петковски беа прецизни за 26:25, но сега домашниот стратег Валтер побара тајм-аут.  Гостите завршницата ја играа пресинг за да дојдат до напад за реми, но Василев најде дупка и погоди за 27:25.Најефикасен кај Еурофарм Пелистет Василев со 6 гола, а по 5 постигнаа Кисум и Танкоски.