Денес, понеделник, 20 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, вторник, 21 февруар, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Температурата во Битола до 18 степени.