По подолго време Битола доби свој натпреварувач во најбрзата трка во алпското скијање “Super-G“, а тоа е Ева Милевска од скијачкиот клуб Пелистер од Битола, која денес на патеката Бјелашница, кај Сараево, го имаше и својот прв интернационален настап.
Милевска во “Super-G“ во освои шестото место со задоцнување во однос на победникот 4,90 секунди, а според зборовите на членовите на Управата на клубот тие се задоволни од пласманот, а исто така задоволна е и Ева која ни рече:-Имав трема и возбува пред настапот бидејќи ова ми беше и прва официјална трка во оваа брза дисциплина. На патеката, која пред неколку децении на Олимпијадата се возеше машкиот спуст, се спуштив без ниту еден ден тренинг и затоа мислам дека постигнав одлично време и одличен пласман, во голема конкуренција од околу стотина скијачи кои се појавија на стартот.
Од ски-клубот Пелистер информираат дека на првиот ден во слалом Милевска имала седмо време, Ангела Ристевска обезбеди пласман, додека Јаков Мицевски не ја заврши трката. Во вториот ден Ристевска и Мицевски имаа пласман, додека Милевска не ја заврши трката.
Од денес во Сараево само Милевска ги продолжува меѓународните настапи, додека Ангела и Јаков ќе настапуваат на домашните ски натпревари.Треба да се напомене и тоа дека најголем успех имаше во “Super-G“ имаше Александар Стојановски – Швеѓа, а Ева додава дека сака да тргне по стапките на Швеѓата во брзите дисциплини.