По повод одбележувањето на Светскиот ден на социјалната правда, Ротари клуб Битола Широк Сокак донираше храна и хемиски производи за социјално загрозени семејства.
-Овој ден е повод за да се охрабрат луѓето да погледнат како социјалната правда влијае на искоренувањето на сиромаштијата, додека истовремено се фокусира на целите за постигнување на вработување и поддршка за социјална интеграција, преку едукација на јавноста и мобилизирање на политичка волја и ресурси за решавање на националните и глобалните проблеми за превенција и намалување на сиромаштијата преку почитување на човековите права, истакнуваат од Ротари клуб Битола Широк Сокак.