На платото пред Oфицерскиот дом во Битола, се одржа настанот “Да ги покажеме нашите бои“, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на ретките болести.
Носители на настанот беа учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои традиционално организираат настани по повод Светскиот ден на ретките болести, во соработка со Здруженито на лица со ретки болести „Живот со предизвици“ и претседателката Весна Алексовска, како и Хепар Центар Битола и вработените во КИЦ Битола.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, учествуваше на настанот и јавно ја искажа поддршката кон оваа категорија граѓани.
Учесниците на настанот, симболично ги обоија своите дланки и испратија порака дека лицата со ретки болести се околу нас, нивната реткост е посебност и дека сите заедно треба да им помогнеме да бидат дел од нормалното секојдневие.
Се повеќе лица од јавниот живот во градот, деновиве со обоени дланки јавно истакнуваат дека го поддржуваат Денот на ретките болести 28 февруари, под мотото „Да ги покажеме нашите бои“.
Светскиот ден на ретките болести на глобално ниво се одбележува од 2008 година, со цел да се подигне јавната свест за ретките болести.

Во Битола искажана поддршка за лицата со ретки болести (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и топло со услови за нестабилност, температурата до 28 степени
- Македонија поразена од Азербејџан во Битола ги заврши квалификациите за СП (фото)
- MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи
- “Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училишта
- СВР Битола: безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од Драгор, приведување за семејно насилство, пријава за физички напад





