Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од Драгор, приведување за семејно насилство, пријава за физички напад

 На 08.06.2026 во СВР Битола пријавено е дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело.  По извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 02.06.2026 во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал смрт без траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола. 

На 09.06.2026, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 46 годишно лице од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 08.06.2026 во 23:00 часот во СВР Битола, Д.К. (18) од с.Дихово, битолско, пријави дека во с. Дихово бил физички нападнат од лице од Прилеп,  со престој во с. Дихово. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »