Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: прекин во греењето на просториите на училиштето и градинката “Колибри“ нема да има

Екипи од општина Битола заедно со претставници на фирмата задолжена за одржување на инсталации за греење на општинските објекти, излегоа на терен при што отстранет е дефектот на цевниот систем во градинката “Колибри”.

На системот во објектот на училиштето не е констатиран дефект, но ќе се спроведат целосни испитувања за време на викендот, имајќи предвид дека станува збор за систем стар околу 40 години.

Прекин во греењето на просториите на училиштето и градинката нема да има и од понеделник, наставата продолжува во соодветно затоплени простории за учениците во училиштето, како и за згрижување на децата во градинката.

More from ВестиMore posts in Вести »