-На почетокот на март во 2013 година, дербито во Битола, под Тумбекафе, поради безбедносни причини, по барање на Министерството за внатрешни работи на Македонија, кое беше доставено до натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија, беше одложено вечното дерби на македонскиот фудбал помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој додава дека причина била безбедносната состојба:
-Со цел да не се создадат услови за предизвикување насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерството за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови, кој требаше да се одигра на 03.03.2013 година, да се одложи, стоеше во барањето на МВР.
Поради одлагањето се огласи и Фудбалската федерација на Македонија со жалење што натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, што требаше да се одигра во неделата во Битола, на барање на Министерството за внатрешни работи, по одлука на Комисијата за натпреварување на ФФМ, се одложува за среда и дека ги почитува одлуките, препораките и барањата на МВР од причина што тие се единствено надлежни за вршење проценка на безбедноста.
Засилено полициско обезбедување било потребно поради тоа што во Битола биле најавени околу 500 навивачи на Вардар, а поради нередите во Скопје специјалните сили се ангажирани таму, а натпреварот е прогласен за натпревар со висок ризик.
Дербито се одигра во среда на 6 март, заврши без голови 0:0, а за Пелистер пред 5.ооо публика настапија: Коруновски, Китановски, Лазаревски, Лескароски, Драгарски, С. Магловски (од 64. мин. Т. Велјановски), Елмазовски, Мегленски, Христов (од 78. мин. Кекец), Ристевски (од 90. мин. А. Велјановски), Марковски.

Деновиве пред 10 години: поради безбедносни причини одложено за три дена дербито Пелистер-Вардар (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: прославен 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фотогалерија)
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување










