Еурофарм Пелистер – Мото Запорожје 25:27 (13:15)
Наместо радост и навивање во Битола за пласман во понатамошните натпреварувња од Еуро лигата, тага и разочарување на навивачите во салата “Боро Чурлевски“ по поразот од екипата на Мотор и завршување на натпреварувањето во Европа оваа сезона. Во одлучувачкиот натпревар се радува Украинците, а не помогнаа ни деветте гола на Танковски и “пелистрерци“ за првпат нема да игра во елиминационата фаза.Во натпреварот Ларс Валтер ги немаше Павле Атанасијевиќ и Гоце Ојлевски, ниту новото засилување Дарко Стевановиќ, а натпреварот започна со 0:3 за Мотор, за потоа да биде 2:3. Во 10. минута беше 5:7 за гостите, а со два гола на Танкоски се дојде до 7:7, а потоа Суси од за прво водство 8:7. “Пелистерци“ зголемија на + три гола (11:8). Следуваше криза по која беше 11:12 за гостите, а на одмор се отиде со 13:15.
И во вториот дел исто како првиот започна со 14:18, а во 40. минута Танкоски со нов гол за израмнување 19:19. Следуваша грешки на домаќините за во последните десет минути да се влесе со -2 за Еурофарм Пелистер, 21:23. Танковски погодуваше, но не можеше сам, а во последните секунди капитенот Радовиќ имаше шанса за гол и пласман понатаму, но не погоди, а во следниот напад гостите погодија за 25:27.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Танкоски со 9 гола од десет удари на гол, а Васиљев постигна 4 гола.