Press "Enter" to skip to content

На ФИКТ – Битола свечено доделени дипломите на дипломираните студенти и магистранти (фото)

Денес, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, се одржа свечено доделување на дипломи на дипломираните студенти и магистранди. Во свечена атмосфера им беа доделени дипломи на триесеттина дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, како и на двајца магистри по информатички науки и комуникациско инженерство.На свечениот настан свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Ректорот им го честиташе дипломирањето, истакнувајќи дека на ФИКТ добиле солидна основа, која ќе им овозможи да бидат препознатливи и конкурентни на пазарот на труд. Исто така, во своето излагање истакна дека знаењето претставува нивното најмоќно оружје кое ќе им овозможи да ја изградат својата кариера во ИТ индустријата.Свое обраќање имаше и деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски.-Од денес, ФИКТ е Вашата Alma Mater, а Вие сте Алумни, истакна во своето обраќање, деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски. Им посака успех во професионалниот и приватниот живот, истакнувајќи дека знаењето што го добиле на ФИКТ ќе им користи во изградувањето на нивната кариера во ИТ секторот. ИТ индустријата е особено привлечна во последните години. Сé повеќе млади луѓе се одлучуваат својата кариера да ја продолжат во ИТ секторот. Свое излагање имаа и претставниците на една од најуспешните ИТ компании IW Connect. Претставниците на IW Connect ги поздравија дипломираните студенти, изразувајќи подготвеност и отвореност, дипломираните студенти да станат дел од нивната компанија, како вработени.На свеченото доделување на дипломите присуствуваше и проректорот за финансии на УКЛО, проф. д-р Јове Талевски, како и продеканите на ФИКТ, професори и најблиските на дипломираните студенти. Свеченото доделување на дипломите заврши со групна слика и фрлање на капите во дворот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола.Исто така, на свеченото доделување на дипломите беше прогласен и најдобриот студент на генерацијата, Димитар Митревски, со просек над 9.00, на кого му беше доделена пофалница и парична награда. Традиционално, со овој значаен настан, ФИКТ уште еднаш покажа дека во фокусот на своето работење се студентите, обезбедувајќи им можности за квалитетно образование.   

More from ВестиMore posts in Вести »