Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: објавен оглас за ангажирање на максимум шест тутори за поддршка на ученици Роми

Општина Битола објавува јавен оглас за ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми од второ, трето и четврто одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

Заинтересираните кандидати комплетната документација наведена во јавниот повик, можат да ја достават на три начини:

-во архивата на општината во затворен коверт со долунаведената назнака

-препорачано по пошта на следната адреса: Булевар 1ви Мај бр.61, 7000 Битола, во затворен коверт со долунаведената назнака

-или електронски на следната е-маил адреса: popovskan@bitola.gov.mk со долунаведената назнака

Крајниот рок за доставување на пријави за тутори е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, односно најдоцна до 10.03.2023 година со назнака: „АПЛИКАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА  МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА“ – РОМАКТЕД ПРОГРАМА.

Информациите за јавниот оглас се достапни на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-ангаѓирање-на-1-консулта/.

More from ВестиMore posts in Вести »