На 01.03.2023 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул. „Баница“ во Битола, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Битола, удрила во пешак на возраст од 46 години од Битола. Во несреќата, пешакот се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидната екипа од СВР Битола.
На 01.03.2022 во СВР Битола, 54-годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзиниот внук. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.03.2023 во СВР Битола, М.С. (50) од Битола, директорка на Национална установа „Завод и Музеј“ – Битола, пријавила дека на 25.02.2023, по претходна дојава, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет „Влахо“ во с.Живојно, Општина Новаци. Притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот. Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот