Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Чкембарите“ со транспарент “Нема пардон, добивте жолт картон“

Навивачите на Еурофарм Пелистер во Битола по поразот од екипата на Мотор Запорожје не го криеја незадоволството од играта на ракометарите и не пласирањето во елиминационата фаза на Европската лига.

Навивачката група “Чкембари“ незадоволството од играта, незалагањето на одредени ракометари, и секако од непласирањето во понатамошните натпреварувања во Евро лигата, на денешниот натпревар тоа го искажаа на нивни начин, со истакнување на транспарент.

“Нема пардон, добивте жолт картон“, беше испишано на големиот транспарент кој беше истакнат на местото од каде навиваат “Чкембарите“.

More from ВестиMore posts in Вести »