Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен криминалец осуден на 13 години казна затвор, 20 возачи под дејство на алкохол

На 04.03.2023 во 18.10 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 30 годишни лице од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната. Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на  ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападна  69 жена од Битола и и одзел накит.  Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер  (04\05.03.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 20 возачи.Од нив 14 на територија на  Битола 4 во Прилеп и 2 Демир Хисар.За време на контролата биле санкционирани и 22 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »