По затворањето на старата трибина во Битола, на градскиот стадион “Петар Милишевски“, поради градежни работи на влезовите од страната на Тумбекафе и навивачката група се “пресели“ на новата трибина.
Вчера на натпреварот Пелистер – Охрид беа на своето ново место од каде ја бодреа својата екипа, а по реновирањето се враѓаат на старата трибина. По тој повод на својата ФБ страница напишаа:
-На трибините многу поразлично во споредба со претходните домашни утакмици. “Чкембари“ и новата трибина полн погодок, сето тоа надополнето и зачинето со моќно пиро шоу и одлична визуелна претстава со мотки и бајраци. Младата крв и енергија на дело, ова е и повеќе од јасна порака до сите оние кои се колебаат во нешто, браќата ваши ве чекаат на трибина.

Фото вест: “Чкембарите“ со свое место на новата трибина, по реновирањето се враќаат на старата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





