На 16.03.2023 криминалистичката полиција при СВР Битола со наредба од Основен суд извршилa претрес во битолско и ресенско, при што во село Езерани, ресенско, во домот на 44 годишно лице од село Езерани, биле пронајдени 19 парчиња различен калибар муниција.
При претрес во куќа во село Цапари, битолско, сопственост на 29 годишно лице од село Цапари, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки калибар 12 мм и една воздушна пушка калибар 4.5 мм, додека при претрес во домот на 57 годишно лице во село Ротино, битолско, пронајдени се и одземени еден карабин, една ловна пушка, муниција за двете оружја и друга муниција.
Трите лица биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.

Претрес во Цапари, Ротино и Езерани, пронајдени пушки и муниција, следуваат пријави
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





