По повод 31 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Словенија, синоќа во Офицерски дом во Битола беше отворена изложба на современа словенечка графика под името “Исто Сонце“.
По интонирањето на државните химни на Словенија и Македонија, на присутните им се обрати домаќинот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Следуваше врачување на плакета на градот Битола на в.д. амбасадорот на Словенија, Татјана Ковачич кој срдечно им се заблагодари на домаќините.
Инаку на изложбата “Исто Сонце“ пред битолската публика се претставија 12 словенечки ликовни уметници со свои најнови графички дела.
Да потсетиме дека познатите словенечки автори се едни од најприсутните автори на Меѓународното графичко треиенале во Битола кое во изминатите речиси три децении беше раководено од кустосот Владо Ѓорески, инаку редовно присутен со свои графички дела на бројни меѓународни графички манифестации.
Д.Р.

Современа словенечка графика “Исто Сонце“ во КИЦ Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Донесен Законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на УКЛО
- СВР Битола: малолетничко насилство, семејно насилство, физички напад, приведување за марихуана
- Денес 13. седница на Советот на Општина Битола
- Европска диплома како мост меѓу Западен Балкан и Европскиот простор за високо образование – тркалезна маса во организација на УКЛО (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 25 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Окованделија го отвора новиот циклус: „Артеизам“ – уметноста надвор од мртвата риба
- Концерт на триото “Интерарт“ од Битола во македонскиот КИЦ во Загреб
- Mјузиклот “Као какао“ ќе го отвори 18. битолското културно лето “Битфест“ (фотогалерија)
- Втора меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“
- Триото „Интерарт“ од Битола со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб










