Вечерва во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одржа несекојдневен ревијален “натпревар“ во кој куглаа лица со Даунов синдром, а настанот се одржа по повод 21 март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром.Во кугланата беа лица од и од Струга кои дојдоа организирано од здружението “Порака Нова“, а куглаат заедно со кугларките на Пелистер Пин, со учениците од ОУ “Коле Канински“ од Битола и студенти од Славјанскиот Универзитет од Битола. На куглањето беше градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, неговиот заменик Бојан Бојковски, советници и други.Присутните ги поздрави Игор Михајловски, кој како рече вечерва имаше двојна функција, како тренер на кугларките на Пелистер Пин и како раководител на Славјанскиот Институт, а најдобра титула му е тоа што е дел од организацијата на овој настан.-Посебно ми е драго бидејќи кугланата е полна со луѓе кои за прв пат се тука во овој објект, а сите заедно ќе го одбележиме денот на лицата со Даунов синдром. Сето ова се одржува на иницијатива на ОУ “Коле Канински“, а потоа се приклучија Славјанскиот Институт и “Порака Нова“ од Струга, кои ни се гости кои специјално дојдоа во Битола.Директорката на ОУ “Коле Канински“, Дијана Христовска, рече дека овој настан во замислувале да биде поскромен, сега е голем настан.-Иницијативата заедно со Игор се покажа добра и дека можеме и во тоа успеавме на ваков единствен начин да дадеме поддршка на лицата со Даунов синдром, секако со поддршка на градоначалникот кој ја прифати оваа идеја и тој вечерва е со нас. Ова што сега го правиме вечерва не настан за нив туку за сите нас, да покажеме дека ние сме постојано со нив, а ние како училиште сме десетина години со нов, како инклузиво училиште.Горица Поповска професорка од Славјански Универзитет заедно со студентите од Славјански Институт беше дел од настанот и рече:-Овој настан е дел од настаните со кои се подигнува јавната свест за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Ми е чест што заедно со дел од студентите сме дел од одбележувањето на овој ден, ден кој повикува сите нас не само денес, туку и во однина да организираме настани да подигнеме свеста кон лицата со попреченост, бидејќи заедно можеме да постигнеме многу.Ана од “Порака Нова“ кои имаат од неодамна канцеларија и во Битола рече дека имаат соработка со сите здруженија кои работат со вакви лица, за што им заблагодарувам, а Игор од Радожда рече дека сеите треба да бидат заедно и да си помагаат и ги поздрави сите.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски поздравувајќи ги сите присутни рече.-Сакам да му се заблагодарам на Игор од Радожда и дека при првата моја посета на неговото родно место ќе се видиме. Јас како градоначалник, а посебно како лекар чуствуваме поголема одговорност кон овие лица. Тешко е да се каже нешто повече освен дека сите заедно се потрудивме нешто да направиме поразлично од другите, а ние сме оригинални бидејќи никој не го прави на ваков начин. Сакаме да биде ова традиција, да потрудиме на сите овие деца и лица да им го направиме пристапот кон инстритуциите полесен, а животот колку можеме поквалитетен, на начини кои ние сите заедно ќе ги пронајдеме.
Фото: Дамијана Ристевска