Press "Enter" to skip to content

Вечерва, во 22 часот и 24 минути, започнува пролетта

Денес, понеделник, 20 март, односно вечерва во 22:24 часот почнува пролетта и ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни кога ќе започне летото.

Паралелно со започнувањето на пролетта во земјите од северната Земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува есента.

Сонцето во Скопје денеска изгреа во 5:38 часот, а ќе зајде во 17:46 часот. Денот ќе трае 12 часа и 8 минути.

Денешниот ден е познат и по името пролетна рамноденица – и денот и ноќта траат по 12 часа. 

Фото: Драган Ристевски

 

More from ВестиMore posts in Вести »