Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени тројца крадци, краделе во куќи, коли и “кладилници“, 132 возачи возеле побрзо

На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 37  и 35 години двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со 27 годишно лице од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветна пријава.

Вчера (19.03.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 132 возачи. Од нив, 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »