Press "Enter" to skip to content

На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска

Воска Спорт – Пелистер 2:1 (1:0)

Екипата на Воска Спорт е победник на дерби натпреварот, кој по одлагањето во редовниот термин, се играше денес на стадионот Билјанини Извори, каде “пелистерци“ се поразени со резултат 2:1, полувреме 1:0.

Екипата на Воска спорт повде со 1:0 во 10. минута кога  Емини од дваесетина метри погоди од слободен удар. Во продолжението на првиот дел Пелистер имаше две шанси да израмни. Пелистер пропушти убава можност да израмни преку нововлезениот Никола Наумоски во 74. минута кој шутираше само крај дирекот, а казната за тоа пристигна во 77. минута кога Емини се најде осамен на пеналтикот и прецизно биеше за 2:0. Пред самиот крај на средбата, во судиското време Борче Маневски од пенал намали на 2:1.

Лидер на табелата е екипата на Вардар до 51 бод, следува Воска со 50 и Гостивар со 47 бода. Пелистер е на 4. место на табелата со

За Воска Спорт ова беше петнаесетта победа по 21 одиграни кола. Тимот има само еден пораз досега и со 50 бода стои на второто место зад лидерот Вардар кој има 52, а пред Гостивар со 47 бода. Пелистер е на 4. место.

More from ВестиMore posts in Вести »