Press "Enter" to skip to content

Билницата во Битола под вонреден инспекциски надзор по смртта на шестгодишната Јана

Од денес, Клиничката болница во Битола е под вонреден инспекциски надзор кој треба да даде одговор за смртта на шестгодишната Јана, од битолското село Кравари, а денес на средба со министерот за здравство, Фатмир Меџити и неговиот заменик е директорот на битолската болница, Александар Обедниковски.

-Постапивме штом слушнавме. Таму веќе се инспекциските служби и кога ќе имаме информации ќе ги објавиме. Со семејството не сме контактирале, ќе го контактираме наскоро. Во текот на денот чекаме да пристигне директорот Александар Обедниковски, рече министерот Меџити, кој додаде дека ќе ја информира јавноста откако ќе има повеќе информации за случајот и дека не разговарал со некој од семејството на девојчето, но кажа дека тоа ќе го стори откако ќе видат што ќе покаже инспекцијата.

За вонредниот инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола денес зборуваше и приемиерот Ковачевски.

-Веќе е започнат вонреден надзор за тоа што се случило во Битола, директорот е веќе на пат за Скопје каде што ќе има состанок со министерот и заменичката, а информирано е и јавното обвинителство. Сите детали, откако ќе ги имаат, ќе бидат споделени со јавноста. Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали и врз основа на факти ќе се утврди објективната состојба, врз основа на факти треба и да се изречат санкции таму каде што ќе биде потребно, истакна Ковачевски.

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари, вчера почина на Детското одделение во Клиничката болница во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »