Press "Enter" to skip to content

“За нашето село Обршани“ – голема хуманитарна акција во Сиднеј, Австралија (фото)

Големо  “БРАВО”  за  сонародниците  од  село  Обршани!  Голема хуманитарна свеченост  која ќе се памети  со години!  Хуманоста  на дело, собрани  повеќе од  65.000 долари.

Селото Обршани е распослано  во пелагонискиот регион на околу седум  километри од  општина Кривогаштани  со околу 250  куќи  и 7оо жители. Иако многу  жители  на Обршани го напуштија селото,  и заминаа  преку океанските води  по  белиот свет.  Тие,  не ги заборавија своите блиски  кои  ги  оставија  таму.  Судбината  на  Македонецот  е таква  да  талка  по светските метрополи и никогаш да не ги заборави корените.Потврда за приврзаноста и оданоста кон својот роден крај се доселениците  од селото Обршани кои преку самоорганизирање на хуманитарните свечености  сега и  години  наназад потврдија дека се нераскинлив  дел  на своето родно огниште селото Обршани од каде им се корените.Во 2005-та година во селото почна да се гради  манастирот “Успение на Пресвета Богородица“.  Но за да се направи  еден  велелепен  манастир  каков што го посакуваат  селаните потребни се големи  финансиски средства. Контактирани беа нивните соселани и во  2006-та година  се формира  иницијативен одбор за организирање  на  свечаност како би се собрале финансиски средства да се помогне  во изградбата на манастирот. Во тоа време иницијативниот одбор го сочинуваа Стив Аџиовски, Ордан Шаркоски кои  денес не се меѓу нас, Драге Бакрaданикоски, Живко  Бакраданикоски, Трајан Аџиовски, Пецо Темелковски, Дичо Ристески, Дичо  Димчески, Благоја  Дамчески, Тане  Саркоски и Георги Ристески.На оваа прва средба беа собрани околу $40.000 долари, а во 2010 година повторно активистите ги засукаа ракавите и ја организираа и втората средба  (донаторска вечер), на која се собраа околу  $30.000 долари. Со овие средства е направен  поголемиот дел од  манастирскиот комплекс. Овие две средби беа организирани во спортскиот центар Илинден.После толку години стана потреба да се комплетира  овој манастирски комплекс со веке започнатата градба на конаците, фасадирање и зоографисување на манастирот. Секогаш расположениот Златко Аџиоски, познат  активист  и бизнесмен во Македонската заедница, поранешен претседател на фудбалскиот клуб Илинден  од квартот Рокдајл, заедно со своите соселани Борче  Ристески, Раде  Димчески, Вик  Мицески  и  Трајан Аџиоски се зафатија со  организирање на третата  свечаност  под мотото Нашето  село Обршани” на 11 март 2023 год.Оваа спектакуларна свечаност  беше организирана  на највисоко  можно ниво која ќе се памети  многу години. Просториите на спортскиот центар  Илинден ги исполнија скоро 400 посетители, кои  имаа  можност  на  големо платно и на неколку ТВ приемници да го  погледаат селото, градбата на конаците, манастирот и можеа да се забележат и по некоја солза  радосница гледајки ги своите куќи и имоти.  Обраќање имаше парохискиот свештеник  Дејан Соколески и градоначалникот на општина Кривогаштани  г-дин Никола Мишкоски  роден во  село  Обршани. Организаторите  упатуваат  голема  благодарност кон сите кои помогнаа на било кој начин: Оливер Димоски за реклами и разни снимки, Драган  Димитриевски и Златко Аџиоски го подготвија видео материјалот, Николче Ѓорески го организира  материјалот за снимање на селото, манастирскиот комплекс со дрон и обраќањата на отец Дејан и градоначалникот Никола Мишкоски.Во културно уметничкиот дел од програмата настапија  фолклористите на Куд Илинден, со одбрани сплетови како и групата Тапанџии  од истото друштво. Реномираната  Арт–плаза  група бесплатно свиреше, и на крајот од својот бакшиш  одвоија и подарија $2.200 долари. Многу  посетители носеа  поклони  кои  беа  продавани  со  јавно надавање или вклучени во богатата лотарија. Како големо задоволство скоро секојдневно лугето се јавуваат  и подаруваат  финансиски средства велат организаторите, бидејки во Австралија Македонија ни е цела.Оваа  хуманитарнa  свечаност  ги премина  сите очекувања бидејки се собраа повеќе од $65.000 долари. Македонските дарежливи срца помагаат и даваат  секогаш кога знаат дека парите одат на  право место.

Од кафе муабетот со Златко Аџиоски дознаваме:

Обединета македонска дијаспора на општина Кривогаштани”.

-Идеата се роди од разговорот кој го водевме со младите и мошне успешни бизнесмени од  македонски род  браќата Игор и Жарко Цветковски  вели г-дин Аџиоски.Се работи за хуманитарна организација која ке се грижи и помага во доменот на своите можности  токму за потребите на жителите од селските населби кои гравитираат во општината Кривогаштани. Со  овие млади бизнисмени се  договоривме од секое село да има преставници во хуманитарниот совет и за секое село по потреба  да се организираат  хуманитарни забави со специфична  намена.

Игор и Жарко  ме информираа дека платиле  28.000 долари, да се донесе противпожарно возило кое е донирано од   Англија за општина Кривогаштани.  Доаѓа  екипа која ке го донесе возилото и ќе ги обучува  пожарникарите и на крајот од месец мај да биде предадено во употреба. Првата цел  е организирање на хуманитарни забави а како приоритет  би се зафатиле  да се обезбеди амбулантно возило за општина Кривогаштани. Овие наши млади бизнисмени неодамна го  реновираа спортскиот комплекс во селото Врбјани прилепско. Кога има слога има и Бога велат постарите!

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »