Press "Enter" to skip to content

КУД “Илинден“ од Рокдајел, Австралија со одличен концерт во спортскиот центар “Илинден“ во Сиднеј го најави 60 годишниот јубилеј (фотогалерија)

Културно уметничкото друштво “Илинден“ од Рокдајл, Австралија одржа одличен концерт во спортскиот центар “Илинден“ во Сиднеј на кој  настапија сите  играорни групи на друштво и се претставија со богата програма.  Салата беше преполна, а претседателот на друштвото Крис Карафиловски  топло ги поздрави сите и ја најави вечерната програма почнувајќи од најмалите до најголемите како и повозраснита женска група кои вежбаат во долната сала на црквата се претставија со неколку сплетови ора и песни и беа наградувани со бурни аплаузи.Атмосферата во салата беше многу весела, ечеше песната и орото од сите групи што настапија  навистина многу професионална изведба. Најголемите, убавите момчиња и девојчиња играа како “да не стоеја на нозе“ со голем мерак и насмеани како да “летаа“ низ салата.Момчињата пееаја, а играа девојките облечени во убава народна носија и заедно се претставија со неколку ора и песни.Инаку, фолклорното друштво КУД “Илинден“ кое работи во рамките на црковната општина “Св. Петка“ во Рокдаел постои од далечната 1966 и оваа година во ноември ќе прославува 60 годишнина. Тие се вистински амбасадор на македонската песна и оро, имаат настапувано во Македонија неколку пати.Подготовки за големиот јубилеј се во тек. Друштвото има осум групи и осум кореографи сите од нив биле играоорци за долго време и повеќето од нив уште играат и ги учат помладите.Претседателот Крис Каранфилоевски ги најави и награди играорците со 10 и 15 годишно искуство со признание за што беа наградени со бурни аплаузи.Исто така во рамките на друштвото има и ансамбл  на млади изведувачи на музички инструменти, како и прекрасно  девојче од околу 10-тина години кое се претстави со неколку песни проследено од младиот оркестар со ангелски глас ја испеа песната “Зајди Зајди сонце“  и неколку други кои не се лесни за пеење.После завршување на програмата игроорците и многу од нас присутните  =сите заедно со ора и песни се забавуваме до доцна во ноќта. Беше прекрасна вечер која долго ќе се памети

Славица Марчевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »