Press "Enter" to skip to content

“Бисер“ место за дружење на дечиња од предшколска возраст во црквата “Св. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј (фото)

За прв пат во историјата на на нашава заедница во Сиднеј е организиран почеток на детски игри и дружење на дечиња, Македончиња, од предшколска возраст со нивните мајки или баби во просториите на црквата “Св. Петка“ во населбата Рокдаел, во горната сала.За овој новитет во Сиднеј, Симона прекрасна млада мајка која заедно со Тина започнаа со овие активности на прашањето од каде ваква идеа и кој помисли на ова, вели:-Секоја недела доаѓавме во црквата и после службата младите одат во горната сала када има кратко предавање за религија значењето на празниците и слично и каде се среќавале многу млади мајки со мали дечиња и така со Тина се договориле да одредат еден ден во неделата
односно, среда, од 10 до 12 часот. Мали дечиња со мајки и баби да се дружат низ игра песнички на македонски и други активности цртање пишување и си играат со голем број на играчки донесени од родители.  Додека за возрасните, мајки баби и татковци, можност да се дружат знаејќи дека дечињата се весели и се на сигурно место.Оваа активност е благодарение на отец Владо, со негов благослов и со одобрување од управата за користење на салата. Ова покажува дека “Св. Петка“ работи со полн ек не само на религиозно поле туку и на културно образовно поле и Отец Владо е многу сакан почитуван и карезматичен за сите верници од најстари до најмали.-Досега имало две дружења и сме многу задоволни атмосферата е убава весела дечињата се среќни се забавуваат,  некој заспиваат и на крај играме сите заедно на оро, вели Симона и додава:

-Овие се само почетоци имаат и други планови во иднина и сакаат да биде што поинтересно и забавно за сите, а се надеваме дека ова ќе биде уште повеќе прифатено и ќе има уште волонтери кои ќе сакаат оваа да заживее и да биде ново место за дружење.

Славица Марцевска

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »