Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: на битолчанец му се слошило откако испил кафе и вода, син нападнал мајка и татко, опожарена куќа

На 21.03.2023 околу 15.30 часот во СВР Битола, Л.Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат на восраст од 42 години од Битола му се слошило откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола. Според пријавеното, лицето испило кафе и  побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.03.2023 во СВР Битола, 59 годишен жител од Битола пријави дека тој и неговата сопруга биле физички нападнати од нивниот син на возраст од 35 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.03.2023 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„23“ во Битола настанал пожар на оџак на куќа, сопственост на Т.Т. од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

More from ВестиMore posts in Вести »