Press "Enter" to skip to content

“Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)

-Сончогледи насекаде… Модна писта “послана“ со сончогледи, креации од најлони, весници, салветки…и сончогледи на еко ревија “Trash fash“ пролет/лето Битола 2023 година.

-Манекени ученици  ги претставија своите рачно изработените уникатни модели инспирирани од делата на сликарот Винсент Ван Гог. Се читаа еко-пароли за развивање на еколошка свест…

-Талентираните ученици од музичка уметност свиреа композиции на пиано, виолина, труба. Ликовна изложба на ученици од инспирирана од делата на Ван Гог “Автопортрет“, “Сончогледи“, “Ѕвездената ноќ“…

Прекрасен мултимедијален настан насловен “Ѕвездена ноќ на нашите талентирани ученици“ организиран од Тимот  за талентирани и надарени ученици од основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ Битола. Настан посветен на сликарот Винсент Ван Гог и денот на неговото раѓање 30 март (1853 – 1890).Мултимедијалниот настан се одржа во Музеј, галерија и ателје „Ранко Струмениковски“ во Битола пред многу гости, родители, наставници, ученици.-Во оваа “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“  ѕвезди ќе бидат нашите талентирани ученици  од музичка, ликовна уметност, дизајн, танци… инспирирани од делата на Винсент Ван Гог. Вечерва ќе продефилираат ученици манекени со свои изработки на модели од отпаден материјал, најлони, весници, картон… Оваа еко-модна ревија и вечер ќе биде збогатена со изведби на пиано, виолина, труба на ученици од нашето училиште кои учат и во основното музичко училиште. Мило ми е што вечерва со нас е младиот моден дизјнер Александар Ортак од Битола кој ќе се обрати кон учениците кои се вклучени во модната ревија “Trash Fash“ пролет/лето 2023 година. Во “Trash Fash“ еко-ревии ќе видите прекрасни креации од отпад, кои учениците кои ги направија сами, беа насочувани во дизајнот од менторите, а станаа еден вид традиција во нашето училиште, изјави координаторот на проектот и ментор Жанета Ристевска и додаде:Имено како еко училиште  ја подигнуваме еколошката свест, развиваме креативност, а оваа е четврта по ред и продолжуваме понатаму.На мултимедијалниот настан Драган Ристевски во чија семејно наследство е Музеј, галерија и ателје “Ранко Струмениковски“ ги поздрави присутните со зборовите:-Овој музеј, галерија и ателје посветен на сликарот и уметник Ранко Струмениковски е отворен за сите кои сакаат да промовираат уметност. Среќен сум што настанот “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ органзиран од тимот за надарени и талентирани ученици, директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Жанета Тошеска, се случува вечерва тука. Мојот магистерски труд, а сега и докторат кој  го подготвувам се повразни со тема надареност и талентираност. Затоа само ќе кажам дека ова е еден идеален начин за мотивирање на младите таленти и работа со нив низ воспитно – образовниот процес.-Пофалби за тимот кој работи со талентирани и надарени ученици во ОУ “Св. Кирил и Методиј“, координаторот Жанета Ристевска психолог и наставникот Катерина Петровска. А со овој мултимедијален настан на најдобар начин го одбележаа Меѓународниот ден за надареност и талентираност – 22 март. Им посакувам да продолжат со своите креативни проекти во работата со учениците и понатаму. Ние  од оваа куќа на уметноста сме отворени за сите кои организараат настани во кој се промовираат и ќе се презентираат талентирани уметници, додаде Ристевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »