Press "Enter" to skip to content

Одбележани 117 години од смртта на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев (фото)

Денес во село Паралово, во дворот на манастирската црква “Св. Ѓоргија“ во организација на Општина Новаци и Советот на Општина Новаци, се одржа Панихида и полагање на цвеќе на гробот на еден од најголемите војводи, учителот, Ѓорѓи Сугарев по повод 117 од предавството и смртта.Цвеќе на паметникот на Ѓорѓи Сугарев, во дворот на манастирската црква положија, домаѓинот градоначалникот на општина Новаци – Стевче Стефановски, пратеничката Олга Лозановска, градоначалникот на општина Могила – Саботковски, претседателите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и Новаци – Пеце Милевски и Илче Трајковски.Цвеќе положија и претставници на Унијата на ветерани, Унијата на млади сили, Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Новаци, Битола и Крушево, како и претставници на здружението почитувачи на ликот и делото на големиот Сугарев.-Денес одбележавме 117 години од смртта на големиот учител, револуционер и војвода Ѓорѓи Сугарев и на неговите 22 комити кои предадени од врховистите во нерамна борба со турскиот аскер и башибозук, загинаа за слободата на Македонија, рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.На одбележувањето беа вклучени и членовите на коњичкиот јавачки клуб “Букефал“ од Кравари, засадени беа садници и се запали огномет, а потоа гостите беа послужени со манастирско гравче.

More from ВестиMore posts in Вести »