Полициски службеници од СВР Битола денеска во Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.
Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, информираше дека на овој начин полицијата е поблиску до граѓаните и дејствува кон зајакнување на довербата, во интерес на заедницата, се со цел обезбедување побезбедна средина за живеење за сите граѓани.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа, ја поддржува оваа кампања, а локалниот совет за превенција, преку работата на сите институции во негов состав, настојува да се подобри животот на граѓаните.
Проактивниот пристап ориентиран кон решавање на проблеми, има за цел континуирано и планско работење на спречување на криминалитетот и останатите потенцијални опасности за граѓаните, што овозможува и заедничка одговорност за решавање на проблемите.

СВР Битола: го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно и свежо
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)





