Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени четири лица за тепачка, физички напад врз сопруга, приведување во “кладилница“

На 26.03.2023 полициски службеници од СВР Битола од угостителски објект во близина на Железничката станица во Битола  лишиле од слобода четири лице на возраст од 27, 35, 26 и 26 години сите од Битола, поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад кон вработени како обезбедување во локалот, при што употребиле и стаклени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.03.2023 во СВР Битола 54- годишна жена од Битола пријави дека нејзиниот сопруг и  се заканувал со насилен сексуален однос и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.03.2023 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 60 годишно лице од Битола. Имено, пријавениот во обложувалница лоцирана на на ул.„Ружа Делчева“ во Битола го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »