Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: вчера 144 возачи возеле побрзо од дозволеното

На територијата на СВР Битола, вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи.

Како што што во билтенот на МВР, од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.

More from ВестиMore posts in Вести »