Press "Enter" to skip to content

РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот

Почетокот на акцијата за оформување на заштитна зона со високостеблеста шума и рекултивација на површински коп и одлагалишта за јаловина и депонијата за пепел, го означија вработени во Службата за техничка сигурност на РЕК Битола и волонтери од Здружението за доброволно младинско работно ангажирање  “Волонтери Пелистер” од Битола кои денес посадија багреми под одлагалиштето за пепел. Во рамките на акцијата за засадување на 150.500 садници, планирано е околу РЕК “Битола“ да се засадат 70.000 садници на јасен, 80.000 садници багрем и 500 тополи! Остануваме посветени на грижата за животната средина, порачуваат од РЕК “Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »