Press "Enter" to skip to content

Најмалите битолчани го одбележаа денот на шегата 1. април (фотогалерија)

Низ Широк Сокак, низ Битола, низ школските дворови преполно со деца маскирани во Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, принцези Снежена, Бел… гусари, пирати, пеперутки, роботи сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите, на радоста на децата  децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга -приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…Денеска е светски ден на шегата, 1 април кој се одбележува веќе со векови наназад, со неизбежното „априлили”. Овој ден во Македонија исто така се прославува и со маскенбал,  кога сите се маскираат, облекуваат во костими и маски на суперхерои и ликови од  бајки, приказни, филмови, стрипови…   Традиционално маскирани учници од основните училишта  во Битола по повод 1 ви Април дефилираат  по Широк Сокак. Оваа година  ден претходно, најпрво во своето училиште, училница, двор меѓу своите ученици, потоа како и секоја година по Широк Сокак каде продефилираа најразлични маски и костими.Секој со глума и однесување на ликот кој се претставува. Така макар и за еден еден секој може да се најде маскиран како својот омилен лик и да се пренесе во еден чудесен свет на фантазџијата оддалечувајќи се од секојдневната реалност.Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, принцези Снежена, Бел…гусари, пирати, пеперутки, роботи сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите, на радоста на децата  децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга -приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…

More from ВестиMore posts in Вести »