Со подршка на “Rihter Gedeon“ под мотото „Каде сме и каде одиме“, се одржа симпозиум во Блед, Словенија, каде се зборуваше за перспективите на Ин Витро оплодувањето и имплементирањето на законот во различни земји.
Прим. д-р Таше Трпчевски од Болница Плодност – Hospital Plodnost од Битола и м-р д-р Татјана Гуружанова од “Њу борн клиник“, имаа предавања и учествуваа во панел дискусијата за нашите искуства во Македонија, законот и третманот на ивф пациентките, со акцент на примената на личните искуства со Бенфола и слични на неа гонадотропни хормони.
-Јас и колешката Гуружанова достојно ја презентиравме нашата држава и мислам дека според резултатите, Македонија треба да се гордее со нашите резултати, компарирано со резултатите на другите држави, рече по враќањето од Словенија прим. д-р Таше Трпчевски.

Прим. д-р Таше Трпчевски со предавање на симпозиумот за перспективите на Ин Витро оплодувањето во Блед, Словенија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат





