Денес жителите на населба Баир имаа можност да уживаат, да се забавуваат и во спортски дух да го одбележат Меѓунарониот ден на Ромите.Четири екипи во машка конкуренција и две екипи во женска конкуренција учествуваа на фудбалскиот турнир кој се одигра на игралиштето пред месната заедница “Димитар Влахов”
во населба Баир.Со интонирање на ромската и македонската химна, турнирот го отвори заменик градоначалникот на Општина Битола Бојан Бојкоски. Честитајќи го Меѓународниот ден на Ромите, Бојковски ја истакна важноста и придонесот на ромското население во општествениот живот на Битола и ги поздрави напорите за поголема интеграција на ромското население и афирмација на ромската култура.
За важноста на спортските активности во правилниот развој на младите зборуваа претставници на проектниот тим на проектот БАИР –Здружена акција на Битола за вклучување на Роми.
Особена благодарност беше упатена до спортскиот клуб ТОП ГОЛ од Битола, кои што дадоа несебична поддршка во реализацијата на целокуниот настан. Женските екипи кои учествуваа на овој турнир беа дел од спорткиот клуб ТОП ГОЛ.
По завршувањето на фудбалскиот турнир, на најдобрите екипи и поединци на турнирот им беа доделени благодарници и пехари.
Фудбалскиот турнир се организира во склоп на проектот БАИР –Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, имплементиран од страна на италијанската меѓународна организација COSV, Општина Битола, и Фондација Преда плус-Битола.
Фудбалскиот турнир се реализираше со поодршка на Ромалитико, Баирска Светлина и фудбалскиот клуб Топ Гол од Битола.

Турнир во мал фудбал во населба Баир за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Каспер Кисум останува во Битола, официјализира Еурофарм Пелистер
- Современата бајка “Пепелашка“ на Националната опера и балет ја воодушеви публиката во Битола (фотогалерија)
- Зоран Талески, директор на КЈП “Нискоградба“: работиме транспарентно, отчетно и посветено во служба на граѓаните (фото)
- Во Битола тутурска настава за децата Роми во рамките на програмата “РОМАКТЕД 2“
- Општината Новаци ќе доделува стипендии за сите новозапишани студенти на УКЛО Битола од Новаци (фотогалерија)