Во рамки на одбележувањето на 25 април, Денот на основањето на УКЛО, промовирани сe доктори на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски промовира три нови доктори на науки.
Ирфан Мухареми, доктор на науки од областа на безбедноста од Факултет за безбедност –Скопје, Анита Зенуни, доктор на науки од областа на надареност и талентираност од Педагошки факултет – Битола и Ана Лазаровска, доктор на науки од областа на сообраќајот и транспортот од Техничкиот факултет-Битола.
Покрај раководството на УКЛО, на чинот на промоција присуствува декани од единици на УКЛО на кои се одбранети докторските трудови како и најблиски членови од семејствата на новите доктори на науки.
Пригодната свеченост се одржа на 25 април 2023 година во Ректоратот на УКЛО.

Промовирани нови доктори на науки на УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





