Делегација од Универзитетот во Бамберг, Германија предводена од проф. д-р Себастијан Кемпген, почесен професор на УКЛО од Битола, денес оствари средба во Ректоратот на Универзитетот.
Еминентниот славист, професорот Кемпген разговараше со домаќините, ректорот Игор Неделковски и проректорот за наука, Горан Илиќ.
Меѓу другото стана збор за нов проектот на УКЛО со Ото – Фридрих Универзитетот во Бамберг, за дигитализација на културното наследство: натписите на надгробната плоча на Свети Климент во црквата Св. Перивлепта во Охрид и на Битолската плоча, еден од најпознатите ранословенски натписи изложен во Музејот во Битола.
Сличен проект УКЛО со Ото – Фридрих Универзитетот реализираше во 2015 г. кога се овозможи верификација на познати натписи на на Св. Наум во истоимениот манастир.
За време на пријатната средба, почесниот професор на УКЛО Себастијан Кемпген, беше придружуван од неговите колеги, Рут Теншерт и Леандер Палас од Институт за археолошки науки, заштита на споменици и историја на уметност -отсек реставрација.
Инаку УКЛО со Ото – Фридрих Универзитетот во Бамберг има плодна долгогодишна соработка која се остварува во повеќе академски домени.

Почесниот професор на УКЛО – Битола, Кемпген, на средба во Ректоратот
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





