7. Мај, денот на Македонската полиција го одбележаа припадниците на полицијата од СВР Битола со полагање на цвеќе на неколку локации.
Делегации предводени од началникот на СВР Битола положија цвеќе и се поклонија на спомениците во чест на загинатите бранители во дворот на СВР Битола и на споменикот Ангел во паркот кај градскиот часовник.
Денот на полицијата, полициски службеници од СВР Битола положија цвеќе и во село Смилево, местото каде се удрени темелите на македонската полиција.
Делегациите на посетија и спомен куќата на Смилевскиот конгрес, каде на 7 мај е одржан Смилевскиот конгрес на МРО, каде делегатите го обезбедувале селска стража. 

СВР Битола го одбележа 7. Мај, денот на Македонската полиција во Битола и Смилево (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





