ЈКП “Водовод – Битола”, заедно со јавните комунални претпријатија “Комуналец“ и “Нискоградба“ денеска отвораат втор наплатен центар за граѓаните од општина Битола.
Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги.
Исто така, во новиот наплатен центар во “Нов пазар“ граѓаните ќе можат да бидат информирани за сите поволности на своите услуги кои ги нудат трите комуналните претпријатија, како одложено плаќање, плаќање без провизија, пријавување на дефекти како и други услуги кои ќе можат да ги добијат во наплатниот центар.

ЈКП “Водовод“, “Комуналец” и “Нискоградба“ отворија нов наплатен центар во новиот пазар во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





