По завршувањето на пролетната серија работилници од проектот “УКЛО – Неформално учење“ на студентите, учесници во проектот, им се доделија пофалници за нивното активно ангажирање на серијата работилници и обуки организирани од Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола.
Пофалниците им ги врачи проректорката за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, која истакна дека проектот започна по барање на студентите кои учествуваа на Универзитетската студентска конференција, а во текот на неговото одржување се покажа дека целта се постигнала.
Студентите преку работилниците и обуките се стекнаа со знаења за подобрување на нивните меки вештини кои ќе им помогнат во нивната вработливост и идната професионална кариера.
Во рамките на проектот ,,УКЛО неформално учење“ на студентите им беа понудени два пакета обуки и работилници.
Првиот беше ,,Поттикнување на креативност, иновативност, и мотивирачко опкружување за учење“ и вториот ,,Поттикнување на современ истражувачки и содавачки пристап и знаење“.
Настанот се одржа во Студентскиот информативен центар на УКЛО.

Врачени пофалници на студентите учесници во проектот “УКЛО неформално учење“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени





